Специјалното јавно обвинителство на официјалниот Facebook профил соопшти дека поднеле жалби на одлуките на Основниот суд Скопје 1 за одбивањето на притворот предложен за осум лица за изборни измами.
„Обжалени се одлуките на Кривичниот суд во Скопје. Истрагата продолжува“, напишаа од Специјалното јавно обвинителство.
Судот најави дека жалбите на Специјалното обвинителство утре ќе бидат разгледани.
Кривичниот суд вчера соопшти дека за четири лица е одбиен притворот, а за другите четворица дополнително ќе се утврдува бидејќи не биле во земјава.
Судот го одби притворот за градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и за уште две други лица.
Дополнително ќе бидат сослушани поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и секретарот на Владата, Кирил Божиновски и уште две други лица. Сите се сомничат за вмешаност во изборните нерегуларности.