СЈО со полициска асистенција барало потребни документи од Централен регистер

Специјалното обвинителство, во средата попладне од Централниот регистар побарало одредени документи кои им се потребни во формирањето на случаите за кои е надлежно, но поради дојава дека можно е дел од документите да се изнесат од зградата и да се уништат, побарале полициска асистенција.

Како што пишуваат некои од медиумите утрово, ноќеска, нешто по полноќ, истражителите на СЈО успеале да дојдат до бараните документи во Централниот регистер, а акцијата успеала благодарение на асистенцијата на „Алфите“ кои биле вклучени во операцијата откако по барање на СЈО е издаден судски налог за претрес.

Од специјалното обвинителство, за Телма изјавија дека нивните истражители, помогнати од полициски сили синоќа биле пред зградата на Народната банка на Република Македонија во чии простории е сместен Централниот регистар затоа што стравуваат дека е можно некој да се обиде да уништи одредени документи и податоци. Од Специјалното обвинителство не откриваат за кои предмети се врши оваа истрага, односно со кои предмети и личности се поврзани документите што се бараат од централниот регистар.

Екипата на телевизијата не која била пред просториите на институцијата, не забележала полициско присуство.

Инаку, во среда, пред крајот на работното време истражители на СЈО биле во Централниот регистер да побараат документи кои им биле потребни за истрагата на оваа институција. При овој обид тие не наишле на соработка со дел од вработените од регистарот. По нивното заминување наводно стигнала дојава од вработен во Централниот регистер дека се врши „расчистување” на дел од документацијата во обид да се изнесе надвор од зградата на Централниот регистер. Врз основа на оваа дојава СЈО веднаш побарало судски налог за полициска асистенција, пишува Нова. 

По издавањето на налогот „Алфите“ веднаш ја обезбедиле зградата и им овозможиле на истражителите да пристапат кон потребната документација, а за реализација на операцијата „Алфите“ обезбедиле и присуство на директорот на Централниот регистар.

Од СЈО за „24 Вести“ велат дека специјалната обвинителка Јанева уште пред еден месец пратила барање да и се достават одредени документи, но барањето не било прифатено. Откако чекале 30 дена Централниот регистар да одговори, во среда решиле да побараат и судски налог кој бил одобрен доцна попладнето при што веднаш се упатиле кон зградата на НБРМ.

реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе