Скандалот се продлабочува: Кого сè плаќале Катарците во Европска комисија?

Европскиот обдудсман Емили О'Рајли побара од Европската комисија да објасни зошто Катар платил за неколку службени патувања на директорот на нејзината транспортна управа.

Генералниот директорат за мобилност и транспорт на ЕК (DG MOVE) Хенрик Хололеи неколку пати летал во бизнис класа со Qatar Airways бесплатно во периодот од 2015 до 2021 година, објави Politico минатата недела. Информацијата подоцна беше потврдена од Европската комисија.

Во писмото објавено денеска, Европскиот омбудсман побара од претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен информации за ваквите службени патувања, предупредувајќи ја на зголемена јавна чувствителност по корупцискиот скандал во Европскиот парламент.

„Веќе спомнав во кореспонденцијата со Европскиот парламент дека ваквите скандали се подарок за оние кои би сакале да ѝ наштетат на ЕУ или да и наштетат на нејзиниот углед“, нагласи О'Рајли.

Катар ги финансирал патувањата на претставници на ЕК токму во времето на преговорите со администрацијата на ЕК за воздушниот сообраќај, истакна Европскиот омбудсман.

Комисијата соопшти дека патувањата биле одобрени бидејќи Хололеи не бил дел од преговарачкиот тим и дека не бил идентификуван конфликт на интереси.

„Јавноста можеби нема да ја види таа разлика бидејќи на крајот извршниот директор е одговорен за тие преговори“, возврати О'Рајли.

Комисијата соопшти дека ги разгледува нејзините упатства.

О'Рајли сака ЕК да одговори на прашањата за транспарентноста и процесот на одобрување патувања до 3 јуни, а исто така бара информации за сите патувања финансирани однадвор од други претставници на ЕУ.

Белгиските власти приведоа двајца европратеници, а третиот беше приведен во Италија, под обвинение дека заедно со други функционери поврзани со Европскиот парламент, добивале пари и подароци од Катар за да влијаат на одредени одлуки. Катар негираше дека сторил нешто лошо.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе