Кајгана

Скандалозната организација на ИХФ ќе биде ли поттик за нашите?

Се вчитува...

Скандалозната организација на ИХФ ќе биде ли поттик за нашите?

Скандалозното патешествие во организација на ИХФ од Севиља до Барселона во траење од скоро половина ден, да се надеваме дека нема да остави големи траги на веќе изморените и измалтретирани наши најдобри спортисти. Ракометарите ветуваат дека и покрај тоа ќе најдат сила за уште еден успех денес. Но, прашањата „зошто беше одбрана Севиља?“, „дали ИХФ покажа организациска непрофесионалност?“, „дали сега зборовите“... дека и на Северен пол да ги праќаат, тие мора да играат...“ се тест кој ИХФ го експериментира во својата неорганизираност?“, „дали само се потврдува она што и сите одамна го знаат, дека европска и светска ракометна органзицаија се различни како професионалци и аматери во ракометот?“, ќе останат неодговорени веројатно до завршувањето на СП. Да се надеваме дека нашите ракометари уште еднаш ќе покажат дека се најдобри кога им е најтешко.

Коментирај

Коментирај