Авто новости

Скап за одржување: Промената на масло кај ова Bugatti чини колку нов SUV

4. декември 2019 - 14:18 | А.С.

Освен милионската сума што треба да ја издвоите за да го купите, одржувањето на моделот Bugatti Veyron исто така е „изгор“ скапо.

Претходникот на Chiron и денес важи за автомобил од соништата.

Поминаа години откако престана да се произведува, а цената на пазарот уште високо котира. Вистински предизвик е да го поседувате и одржувате ова возило, особено од финансиски аспект.

Освен исклучително скапата полиса за осигурување, трошоците за одржување одат до небо, без разлика дали го возите или го чувате во гаража.

Познато е дека само за замената на масло е толку сложена што чини 25.000 долари, сума за која може да купите нов SUV автомобил.

Мени Козбин, кој има дури два примерока Bugatti Veyron објави видео во кое објаснува што значи да поседуваш ваква ретка „ѕверка“.

Покрај замената на масло, треба секако да се менуваат и гумите и тоа на две до три години, што ќе ве чини уште 38.000 долари.

На секои 16.000 поминати километри треба да купите нови алуминиумски фелни  - ќе искеширате уште 50.000 долари.

Веќе сте потрошиле 100.000 долари, а не сте стигнале до кочниците или некој посериозен дефект или замена на дел.

Потрошувачката исто така не е за занемарување. Кога ќе соберете сѐ, старата пресметка дека трошите 300 долари на секој поминат километар важи и денес.

Коментирај