Скокнаа цените на нафтата, огромни надежи во антиковид вакцината

Цените на нафтата на светските берзи пораснаа минатата недела и скокнаа околу 20 проценти во текот на целиот февруари, бидејќи инвеститорите се надеваат на забрзување на закрепнувањето на стопанствата од корона-кризата, а со тоа и побарувачката за „црното злато“.

Цената на барел нафта на лондонската берза минатата недела порасна за 4,8 проценти, на 64,42 долари, додека цената на барел на американската берза порасна 3,8 проценти, на 61,50 долари.

Во средината на неделата, цените на нафтата достигнаа нови највисоки нивоа во последните 13 месеци, бидејќи инвеститорите се надеваат дека со забрзувањето на процесот на вакцинација против COVID-19 ќе се забрза и закрепнувањето на стопанствата од корона-кризата, а со тоа ќе се забрза и побарувачката на нафта.

Поддршка за цените пружаа и податоците од американската влада, според кои производството на сирова нафта во САД паднало за повеќе од 10 проценти или милион барели на ден минатата недела, поради невообичаениот студен бран во Тексас.

Обработката е исто така намалена, на најниско ниво од септември 2008 година, бидејќи ниските температури предизвикаа прекини на електричната енергија.

Но, до крајот на неделата, цените на нафтата изгубија дел од добивката, меѓу другото, поради обновеното производство во Тексас.

Цените ги поттикна и посилниот долар бидејќи тоа значи дека нафтата станува сѐ поскапа за оние што ја купуваат во други валути.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Бизнис

Волстрит достигна рекордни нивоа

Read more

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе