Сколс го нападна и Лукаку: Јунајтед не може да освојува титули со него

Поранешниот лидер на средниот ред на Манчестер Јунајтед не е убеден дека Ромелу Лукаку е вистинскиот напаѓач за најтрофејниот англиски клуб. Белгиецот постигна само четири гола во досегашниот тек на сезоната, а критиките за неговата игра доаѓаат од сите страни.

Ромелу Лукаку потпиша за Манчестер Јунајтед во летото 2017 година за сума од 85 милиони евра и оттогаш постигна 31 гол во 62 натпревари за англискиот клуб.

Белгискиот интернационалец постигна четири гола во оваа сезона, но неговата игра е разочарувачка и поради тоа е мета на критики од фановите на Јунајтед, но и од клупските легенди, кои сметаат дека тој не е на потребниот стандард за да биде напаѓач на овој гигант.

„Мислам дека (Манчестер Јунајтед) никогаш нема да ја освојат лигата со напаѓач како Лукаку. Тој не игра доволно добро надвор од шеснаесетникот. Лукаку не сфаќа колку добар може да биде, но исто така му треба помош бидејќи тој е единствениот класичен напаѓач во клубот во овој момент“, изјави Пол Сколс за ESPN.

Пол Сколс смета дека ниту Маркус Рашфорд ниту Ентони Марсијал можат да му помогнат на Лукаку кога тој ќе биде во лоша форма, па затоа вели дека единствениот начин за подобрување на формата на тимот ја гледа во подобрувањето на формата на Лукаку.

„Тој е млад играч кој може уште да напредува и затоа треба да работи на себе. Брз е и многу снажен, но нема самодоверба“, додаде Сколс.

Англиската легенда се потсети и на неговите играчки денови под водство на Сер Алекс Фергусон, кога во составот на Манчестер Јунајтед имало и по четворица напаѓачи одеднаш. Според него, тоа е многу подобар начин да се поправи нападот кога главниот напаѓач игра лошо.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more
 

Спорт

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе