Хроника

Скопјанец нападнал полицаец додека го носеле во Психијатриска болница

17. ноември 2019 - 16:07 | МИА

28-годишно момче нападнало полицаец при асистенција на екипа на Брза помош за негово спроведување на Психијатрија.

Во СВР Скопје вчера во 17:23 часот било пријавено дека во село Зелениково, скопско, Т.Б.(28) од Зелениково физички нападнал полициски службеник при асистенција на екипа на итна медицинска помош за негово спроведување во Психијатриска болница при Комплекс клиники ,,Мајка Тереза’’. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментирај