Скопјанец незаконски произведувал и продавал масло од канабис

Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 38-годишниот М.К., поради постоење основано сомнение дека неовластено набавил наркотична дрога марихуана и неовластено произведувал масло од канабис, кое ги  продавал на уживатели од Скопје и Струга.

За стореното кривично дело - „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ, судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

М.К. во текот на овој месец од засега непознати лица, набавил поголема количина на марихуана од која дел ја препакувал во помали паковки со намера улично да ја продава на уживатели од Скопје, а дел во својот дом во населбата Радишани, во импровизирана лабараторија ја преработувал во масло. По добиени оперативни сознанија дека М.К. препакуваната дрога и маслото почнал да ги продава на уживатели од Скопје, припадници на ЕНТ презедоа мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.

На 13 октомври, од страна на полициски службеници на Единицата, М.К. бил забележан како се движи со возило во централното градско подрачје и кога се паркирал на паркинг простор, му било извршено легитимирање, личен преглед и преглед на возилото кое го управувал, а во кое биле неговата сопруга и нејзината сестра. Од извршениот личен преглед, кај пријавениот биле пронајдени еден џоинт, кој во моментот го користел, а во фиоката кај совозачкото седиште биле пронајдени седум полиетиленски паковки марихуана со вкупна нето маса од 16,39 грама, еден шприц во кој имало масло од хашиш, како и две метални дробилки со остатоци од марихуана.

Пријавениот и неговите сопатници биле приведени во службените простории на Единицата за недозволена трговија со дрога, а со наредба од судија на претходна постапка истиот ден бил извршен претрес во домот и другите простории каде престојувал во населбата Радишани, при што биле пронајдени и одземени 3,5 килограми марихуана спакувана во шест најлонски кеси, 28,30 грама мешавина од марихуана и тутун,  9,8 милилитри масло од хашиш, 170,66 грама семки од марихуана, како и остатоци од масло од хашиш во предметите кои ги користел за произведување на маслото во импровизираната лабараторија.

Со истиот бил извршен разговор во кој тој негирал дека пронајдената марихуана и масло од хашиш ги продавал, туку дека ги користел за лекување на неговата мајка. Наредниот ден на 14 октомври од страна на полициски службеници по дадена усна наредба од судија на претходна постапка од ОС Струга, полициски службеници од НККР Струга извршиле претрес во дом и други простории во Струга, каде живее семејството на пријавениот, при што во поткровјето од куќата биле пронајдени и одземени поголема количина на исушена марихуана и семки од марихуана, спакувани во тегли, пластични кутии и најлонски кеси, како и 47 илјади денари во апоени од 500 и 1000 денари, 580 евра, 150 американски долари и и 70 британски фунти.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Хроника

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе