Скопјанец ограбен на паркинг, останал без 850.000 денари

Под закана со нож и со неколку удари, на 27-годишен скопјанец му била одземена вреќа со пари.

Како што соопшти полицијата, околу 15.15 часот Скопје на бул. „Јане Сандански“ на паркинг од страна на непознато лице било извршено разбојништво над А.Р. (27) од Скопје, при што му биле одземени 843.000 денари.

Откако А.Р. се паркирал на паркингот и излегол од возилото држејќи во рака кеса во која имало пари, сторителот два пати со тупаница го удрил во пределот на главата и лицето, а во другата рака држел нож, од што пријавителот се исплашил за неговиот живот и без да дава отпор му ја дал кесата со парите по што крадецот го напуштил местото на настанот, а оштетениот почнал да трча по него, но не успеал да го стигне.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.

Ноќта пак, околу 2.50 часот во село Муртино, струмичко поточно на бензинска пумпа на Макпетрол, две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над еден вработен при што физички го нападнале и му одзеле сума на пари од околу 60.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.

СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе