Скопјанец вчера бил пронајден починат околу 11.45 часот во камп приколка на езерото Треска.
Не се познати причините за смртта на шеесет и едногодишниот скопјанец, а според првичните информации на неговото тело немало траги на насилство.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е пренесено на Судска медицина за обдукција.