Дваесет и двегодишен скопјанец се бори за живот откако ноќеска, 40 минути по полноќ, со мотоцикл удрил во возило „бмв“ на булеварот Борис Трајковски.
Како што соопшти полицијата, сообраќајката се случила меѓу возило „бмв“со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(43) од Скопје и мотоцикл Хонда ЦБР без регистарски ознаки, управуван од С.А. (22).
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Градска општа болница „Наум Охридски“. Истиот е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност.
Увид извршила екипа на СВР Скопје.