Скопјанка пријавила малтретирање и силување од страна на поранешното момче.
Во Единицата за известување и команда Скопје, утринава во 4:00 часот било пријавено дека во стан на улица .„Владимир Комаров“ во Скопје, Л.Ј.(49) била малтретирана и врз неа била извршена обљуба од страна на С.Б. (39) од Босна и Херцеговина, со кого претходно биле во врска што таа не сакала да ја продолжи.
С.Б. е приведен во полициска станица.