Скопје како гасна комора – градските власти најавуваат прес конференции

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски за понеделник напладне свика прес конференција на која ќе говори за загаденоста на воздухот во Скопје, но нема информации дали ќе бидат предложени некакви мерки.

Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Кавадарци бележат рекордни нивоа на загаденост на воздухот, а во скопската општина Карпош во саботата вечер концентрацијата на ПМ 10 честички изнесуваше 1.215.

Во студијата објавена неодамна беше посочено дека главен загадувач на воздухот во Скопје се домаќинствата, односно греењето во индивидуалните објекти. Локалните власти се жалат дека немаат судски налози да влегуваат по домовите на луѓето и да проверуваат на што се греат, иако повеќе од јасно е дека во печките се тура што и да се најде при рака.

Се гори стар мебел, стиропор, пластика, паркет, палети, а сè повеќе граѓани се жалат дека и огревното дрво што го добиваат е со лош квалитет и дека повеќе чади, отколку што гори и дава топлина.

„Се греам на струја. Купив три кубика огревно дрво од склад во Драчево, но дрвата не горат. Влажни се, имаат смола, и целата куќа ми се полни со чад додека да го запалам огнот, а ефектот е никаков“, се жали Дарко, Ѓ., жител на скопско Драчево.

Ништо подобра не е ситуацијата ниту во останатите скопски населби.

„Што да кажам, ова е лудило. Се рекламира централното греење по телевизија и радио, а ваму бараат ненормални цени за приклучување. Јас живеам во индивидуална куќа во Козле, водот за парно поминува до мојот двор и кога се обратив со барање да ме приклучат, ми побараа огромни пари. Навистина не знам каква политика има Топлификација, остана на мрежата од пред 30 години, а можеше да почне да пушта инсталации и по населбите. Па никој не е луд да цепи дрва, ако може да се грее на парно“, се жали Лазар Т., жител на Козле.

Меѓу огромните загадувачи на воздухот се и возилата, посебно дизелите. Во Осло неодамна беше забрането сообраќање на дизел возилата заради поголемата загаденост на воздухот, која ни приближно не беше на скопската.

„Убаво што владата дозволи увоз на половни автомобили, но тоа не требаше да бидат толку стари возила и не требаше да се дозволи увоз на дизел возила. Па Фолксваген го тужеа во Америка за емисија на штетни гасови кај нови дизел возила, а може да замислите каков дизел отпад се довлечка од Словенија, Швајцарија, Италија…“, коментира еден скопјанец.

Дури и новите автобуси, без оглед што се според најновите еко стандарди, повторно се на нафта и веќе не се нови, туку пет-шест години.

„Ја извадија пругата низ Скопје, имаше траса од центарот на градот кон Карпош, кон Драчево, Лисиче, кон Ѓорче, Скопје Север, имаше готова траса за шински сообраќај низ цело Скопје. Сега нема ништо, милион возила по скопските улици и многу чад. А да си останеше пругата, сега ќе имавме и трамвај и шинобус и еколошки превоз“, вели Владимир Б., инженер.

Но, се чини дека огромна ‘заслуга’ во загадувањето на воздухот во Скопје има и градежната експанзија, поточно непланското градење.

По земјотресот во 1963 година се донесе одлука Скопје да биде прогласен за отворен град, иако географските услови не го дозволуваа тоа. Фабриките почнаа да се градат поблиску до живеалиштата на работниците, односно на периферијата на градот, каде што брзо почнаа да се оформуваат населби од типот на Железарница, Усје, подоцна и Пинтија.

Се напушти планот на јапонскиот архитект Кензо Танге, објектите во Градски ѕид, кои што требаше да бидат отворени во приземјето и сутеренот заради циркулација на воздух, се затворија и се претворија во канцеларии и продавници, се изгради Капиштец, кој го спречи струењето на воздухот од Водно, а сега се изградија и висококатници кај комплексот Олимписко село, што ќе придонесе и оној воздух што доаѓаше барем до Капиштец, да не стига и до таму. Згора на тоа, и циркулацијата по текот на коритото на реката Вардар е спречена со објекти.

Како и да е, ова се само мал дел од причините заради кои е воздухот во Скопје загаден. Едно е јасно, какви и да донесат мерки градските власти нема да имаат поголем ефект бидејќи штетата е направена, а тоа ќе се почувствува од година во година, кога билансот на починати лица од последиците на загадениот воздух постојано ќе расте.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе