Скопје. Стил. Спектакл: Почнува Моден викенд!

Секоја следна сезона на Моден викенд Скопје растат очекувањата на „играчите“ во нашата модна сцена дека ќе видиме креации што ќе ги посакаме, возбудливи мејкап решенија, поинакви и скокотливи концепти што инспирираат, но над сѐ, дека ќе биде дотогаш невидено севкупно модно доживување.

Пролетното издание на FWSK се чини дека со себе носи поинаков тип на возбуда, со оглед на тоа дека сѐ околу нас се буди и се раздвижува, расте пулсот на креативноста и посегнуваме по бои и силуети што можеби не би ги избрале во другите сезони.

Овој, 19-ти, Моден викенд го прави токму тоа. Најавата дека оваа сезона вниманието ќе го „украде“ шоурумот Обединета мода во кој се претставуваат 28 европски дизајнери и брендови беше доволна провокација за да се кренат очекувањата на ново ниво, особено имајќи предвид дека изминатите неколку сезони најголемиот моден настан кај нас го забави темпото и со исклучок на неколку сјајни ѕвезди, почна да го губи сјајот.

Вчерашното отворање на FWSK најави дека тоа најверојатно беше само едно затишје пред бура. Во урбаниот, индустриски простор на Европскиот универзитет посетителите и медиумите ги дочека шоурум од светски размери што внесува нов бран свежина, современост и динамика што беа потребни во нашиот моден свет.

Дел од креациите што се изложени во шоуромот беа претставени во склоп на заедничкиот перформанс што ги обедини нивните различни естетски визии за сезоната есен-зима 2018-2019, за кој стилист беше познатата македонска стилистка и модна блогерка Јована Зука.

Во Шоурумот имавме можност да се запознаеме со дизајнерите и нивната работа и да поразговараме за нивните брендови, креативни приказни и очекувања од претставувањето на модниот викенд.

Евгенија Зафировска е етаблирано име во нашата земја и една од дизајнерките што се претставуваат во рамките на Шоурумот „Обединета мода“ на Моден викенд Скопје.

„Многу сум задоволна од досегашната организација на Моден викенд и што никогаш не ме забораваат. Дојдов од Љубљана специјално за овој настан на кој се претставувам со колекција есен-зима 2019/20 за која се инспирирав од инсталационата уметност, тридимензионален уметнички жанр, и во целата колекција е потенцирана етичката мода и традиционалното занаетчиство.“

Нејзините колекции секогаш го носат за неа препознатливиот еко печат и парчињата важат за безвременски. Сепак, ја прашавме кое парче од оваа колекција би го издвоила како модел што ќе ја одбележи сезоната и ќе ја издвои неа како дизајнер. Зафировска се одлучи за елек на црна основа со рачно доработен вез од плетена златна свила што најдобро ја доловува инсталацијата од која се инспирирала.

Белгиската дизајнерка Julie Vrijens стои зад брендот Red Juliet кој таа го опишува како слободен, безвременски, шик и нослив. Токму тој впечаток го имате уште од првиот поглед на нејзините креации. Фустани во кои може да се прошетате низ град во комбинација со патики и да ги трансформирате во вечерни тоалети кога ќе облечете високи потпетици и ќе ставите впечатлив кармин. Вибрантната палета на бои, карактеристичниот отворен грб со V израз и разиграната женственост се обележјата по кој ќе го запаметите овој бренд што постои од 2010 година.

„Организацијата е беспрекорна, многу добра енергија, добри луѓе. Досега се запознавме со градот, бевме во посета на текстилна фабрика и учам за вашата модна сцена и процесот на производство во модната индустрија. Се надевам дека мојот бренд ќе допре до поширока публика и од она што го видов на улиците на Скопје, сметам дека има девојки и жени тука кои ќе се пронајдат во приказната за Red Juliet.

Во шоурумот се претставувам со колекцијата есен-зима 2019/20, но кај нас има опција и да ги изработуваме истите модели во различен материјал, за секоја сезона. Од секоја колекција се трудам да има по некое парче што ќе се издвои како класика, како оние со гол грб, препознатлив за брендот Red Juliet, во секој случај многу женствени парчиња. Сакам мојата облека да не внесува никакви ограничувања, да се носи во секоја прилика со мала интервенција – дали ќе го ставите каишот или не, ќе го носите парчето поопуштено или ‘скоцкано’’, изјави дизајнерката за Кајгана.

„За нас ова е одлично искуство, да ја доживееме оваа земја и да се запознаеме со локалната модна сцена и модна индустрија. Во Шоурумот има многу млади, талентирани дизајнери и сметаме дека ова е одличен начин да се прошират видиците и да се зголеми видливоста на нашиот бренд“, велат од белгискиот моден бренд Toos Franken.

Модната дизајнерка Ece Ozalp од Турција има зад себе четири колекции, а за петтата решила да соработува со нејзината пријателка Meltem Sahin која е илустратор. Резултатот е впечатлив, разигран и младешки дизајн што во себе ги спојува традиционалното и модерното.

Велат дека атмосферата засега е интензивна, од она што имале шанса да го видат досега и да го доживеат Скопје и македонската модна култура, за нив е возбудливо, а во секој поглед, професионално. Двете се блиски пријателки и имаат слична естетика како уметници, па решиле да се обидат да соработуваат и се среќни што резултатот на нивната заедничка работа е претставен токму во еден ваков шоурум.

Во ревискиот дел од првиот ден на Моден викенд традиционално се претставија и 18 студенти од насоката моден дизајн на Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет, со 55 модни изгледи. Ревијата насловена „Ив Сен Лорен и јас“ беше посветена е на креативното наследство на францускиот моден гени, односно  студентите имаа предизвик да направат сопствена интерпретација на креации од различни периоди на неговото творештво до 2002 година, кога тој се повлекува од создавањето модни колекции.

На предизвикот највпечатливо одговорија младите дизајнери Марија ди Бјаџо и Христијан Младеновски – таа во спортскиот сегмент на богатиот стилски спектар на Сен Лорен, а тој во ултра шик интерпретацијата на жената со беспрекорен стил.

Програмата на првиот ден ја заокружи новата колекција „Prénda“ на познатата косовска дизајнерка Јилка Брада, за која таа вели дека е „за вистински жени и одговара на сечиј женски карактер. Сите модни парчиња од неа ги слават аспектите кои ја прават секоја жена божица на убавината и љубовта.“

Паралелно со споменатите ревиски случувања, своевиден празник за сетилата претставуваше и модната изложба придружена со филм од концептуалната платформа за европски дизајн „Иван Асен 22“, која по успешните презентации во Бугарија, Австрија, Јужна Африка и Германија, конечно стигна и во нашата земја.

Галеријата со посетители може да ја погледнете ТУКА.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе