Хроника

Скопската полиција уапси шест лица за поседување дрога

12. септември 2019 - 11:37 | МИА

Скопје, 12 септември 2019 (МИА) – Во неколку акции на скопската полиција вчера беа приведени шест лица поради недозволено поседување дрога.

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во еден часот по полноќ на улицата „Радишанска“, ги привеле М.К.(19), А.С.(24) и С.Б.(22), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја.

Синоќа во 00:45 часот полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „11-ти Октомври“, ги привеле Т.Т.(25) и Т.С.(25), двајцата од Гостивар, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја.

Во Скопје на булеварот „ВМРО“ вчера во 14:50 часот полициски службеници го привеле Д.С.(27) од Куманово, откако кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случаите, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Коментирај