Слаба одбрана, лош напад, пораз на Македонија

Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на 25 Мундијал, откако во третото коло загуби од Словенија со резултат од 29:22 (16:10).

По блескавиот пресврт и победата над Тунис и рутинскиот триумф над Ангола, македонските ракометари против Словенија одиграа исклучително лош натпревар, по што поразот беше неминовен.

Многу слабости демонстрираа избраниците на Лино Червар во текот на целиот меч, одбраната порозна, голманите слаби, а напаѓачките формации тешко ја пробиваа зоната на Словенците предводена од одличниот голман Скок.

Македонија водеше 2:1 во четвртата минута, а потоа на теренот играа само Словенците. Скок влезе во ритам, неговите одбрани, но и двата промашени зицери на македонските ракометари и донесоа предност на Словенија најпрвин со 5:2 и 7:3, а потоа и со 11:6.

Токму во таа насока се одвиваше целиот натпревар, Словенците во серија постигнуваа два или три гола и само ја зголемуваа својата предност. Залудни беа промените кои ги правеше Червар и во зонската одбрана и во нападот, Македонија едноставно целиот меч го одигра во контраритам.

Кире Лазаров со девет голови ја предводеше Македонија, а три постигна најдобриот македонски играч на овој меч Стоилов.

Македонија следниот натпревар ќе го одигра во среда (20:45 часот), кога за противник ќе го има фаворитот Шпанија. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе