Слоновите умираат од глад поради сушата во Зимбабве

Сушите се кобни за животните во Националниот парк Хванге во Зимбабве.

Најмалку 55 слонови умреле од глад во Националниот парк Хванге во Зимбабве, како последица од сушата што трае веќе два месеца.

„Ситуацијата е тешка“, вели Тинаше Фараво, портпарол на ZimParks, организација што управува со бројните паркови во Зимбабве.

„Слоновите умираат од глад и тоа е огромен проблем“, додаде тој.

Сушата значително ги намали приносите од посевите во земјата. Една третина од населението не може да си дозволи храна поради тешката економска криза.

Во август беше објавен извештај на Светската програма за храна во кој се наведува дека постои опасност два милиони луѓе да умрат од глад во Зимбабве.

Локалните медиуми пренесуваат дека некои од телата на слоновите биле најдени на 50-тина метри од поставените поила, што покажува дека патувале од многу далеку и умреле пред да успеат да стигнат до нив.

Популацијата слонови во националниот парк придонесува и за уништување на вегетацијата во него - Хванге има капацитет за околу 15.000 слонови, а таму живеат повеќе од 50.000.

Вработените во ZimParks се обидуваат да копаат бунари, но им недостигаат финансии за да продолжат со овие активности. Државата не го финансира работењето на организацијата.

Единствено решение е да почнат да ги продаваат слоновите на странски паркови, но оваа пракса наидува на жестоко противење од експертите и активистите за заштита на животните кои нагласуваат дека тоа е трауматично за животните. Тие исто така предупредуваат дека животните најчесто завршуваат во кинески зоолошки каде условите не се на задоволително ниво.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Живот

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе