КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Словенечките фудбалери едвај дојдоа до Скопје

Поради дефект на авионот репрезентацијата на Словенија многу покасно од предвиденото слета во Скопје каде потоа со соочи и со проблем со багажот.

Уште не беа ни тргнати за Скопје, а Словенците се изнервираа. Нивниот чартер лет од аеродромот „Јоже Пучник“ кај Љубљана не ни тргна кон Скопје во предвиденото време откако пилотите пријавиле дефект на едниот од двата клима уреди. Механичарите не можеле брзо да го отстранат проблемот, а поради зависноста на авионот од системот за ладење не е дозволено да се лета без два исправни клима уреди.

Словенечката фудбалска федерација ја има ангажирано полската авиокомпанија Enter Аir за превоз на репрезентацијата, па итно бил повикан нов авион да дојде од Полска и да ги однесе фудбалерите во Скопје каде стигнаа со закаснување од два часа.

По слетувањето на скопскиот аеродром се појавил нов проблем откако целата репрезентација цел час го чекала пријавениот багаж. Селекторот Матјаж Кек се изнервирал и наредил играчите да се упатат кон хотелот, а дел од репрезентацијата да остане и да го чека багажот кој потоа бил пренесен со камион.

„Па во Израел стигнавме побрзо!“, коментирал нервозниот Кек алудирајќи на нивното патување до Ветената земја кога играа против Израел во март.

Дали ова патешествие ќе биде мотив повеќе за Словенија или пак ќе влијае негативно врз нивното расположение, ќе видиме утре од 20.45 часот на Националната Арена „Тоше Проески“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе