Мобилни

Смартфонот Motorola One Hyper ќе биде претставен на 3 декември

29. ноември 2019 - 14:51 | А.С.

Откако го откри новиот Moto Razr, Motorola е подготвена за презентација на смартфонот One Hyper.

Motorola потврди дека One Hyper ќе биде претставен на 3 декември во Бразил.

Ова ќе биде прв смартфон на компанијата се поп-ап предна камера, како и задна камера од 64 MP.

За овој смартфон се зборува веќе долго време, а не престануваат ни шпекулациите околу неговите спецификации.

Познато е дека ќе има 6,39-инчен Full HD+ дисплеј без „заб“ или отвор за селфи камерата. Наместо тоа има поп-ап механизам што ја извлекува селфи камерата од 32 MP.

Се очекува уредот да има процесор Qualcom Snapdragon 675, 4 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија, што го позиционира во средниот ранг кога станува збор за спецификациите.

На задната страна има главна камера од 64 MP која најверојатно ќе го користи сензорот Bright GW1 на Samsung, а тука е и сензорот за длабочина од 8 MP.

Смартфонот позади има и сензор за отпечаток од прст интегриран во логото.

Уредот ќе го напојува батерија од 4.000 mAh која поддржува брзо полнење преку USB-C порт.

Коментирај