Смешно суштество забележано на дното на океанот
Група научници истражуваа близу бреговите на Калифорнија, кога на длабочина од 900 метри, на дното на океанот, забележаа виолетово суштество со големи очи, кое наликува на детска играчка, што ги насмеа научниците. Станува збор за ретка џуџеста лигња, со способност за камуфлирање во околината, која личи на комбинација од лигња и октопод.