Смртта на „бунга бунга“ девојка која сведочеше против Берлускони се води како сомнителна

Во Италија е отворена е истрага за убиство откако полицијата утврди дека има причина да ја води како сомнителна смртта на девојка од Мароко која сведочеше против поранешниот премиер Силвио Берлускони во 2012 година.

Иман Фадил (33) почина на 1 март во болница во Милано, еден месец откако беше примена со чудни болки во стомакот. Таа тогаш тврдеше дека била отруена.

Италијанските медиуми шпекулираат дека можеби била отруена со радиоактивна супстанца.

Поврзаноста со Берлускони

Фадил беше клучен сведок во судењето против Берлускони на кого му се судеше за плаќање сексуални услуги од малолетни проститутки на неговите злогласени „бунга бунга“ забави.

Берлускони (82) беше првично осуден, но потоа Апелационен суд го ослободи од вина. Подоцна беше осуден во друг случај за даночна измама и доби казна што ја отслужи со општествено корисна работа.

„Секогаш ми е жал кога ќе умре млад човек. Не ја познавам оваа личност, никогаш не сум зборувал со неа“, рече денеска Берлускони на прашањето дали ја познавал Фадил.

„Ги имам прочитано само нејзините изјави и сметам дека сѐ е измислено, апсурдно.“

Берлускони, кој беше премиер во четири влади, уште се соочува со разни обвиненија, вклучувајќи за мито и поткуп. Тој ги негира сите обвиненија.

Истрагата за Фадил

Јавниот обвинител на Милано Франческо Греко изјави дека има „неколку аномалии“ во лекарскиот извештај на Фадил.

„Докторите не одредија со сигурност никаква патологија што би можело да ја објасни смртта“, рече тој.

Италијанскиот весник Corriere della Sera објави дека болницата во Милано каде што беше примена Фадил испратила примероци во специјалистичка лабораторија.

Резултатите наводно покажале присуство на радиоактивни состојки, вклучувајќи кобалт.

Италијанското обвинителство ги нема потврдено овие наоди.

Италијанските медиуми исто така пишуваат дека Фадил, која била редовна гостинка на секс-забавите на Берлускони, пишувала книга за нејзините доживувања и полицијата работи на наоѓање на ракописот.

Берлускони стои на ставот дека „не е светец“, но категорично негира дека некогаш платил за секс со жена.

„Никогаш не сфатив кое е задоволството кога го пропушташ освојувањето.“

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе