Снимка од дрон открива што остана по пожарот во Нотр Дам
Познатата катедрала Нотр Дам во Париз преживеа огнена стихија која го шокира светот. На социјалните мрежи луѓето постојано објавуваат фотографии и видеа од пожарот и по пожарот.
Снимки од дрон откриваат во колкави размери бил пожарот, а фотографиите ги прикажуваат пламените јазици од кои е уништен дел од средновековната катедрала. Од чадот и димот изгледа како покривот да е целосно исчезнат.
„Нотр Дам се буди во пепел“, напишаа новинарите на Figaro, објавувајќи твит од две фотографии, една стара од Нотр Дам и една снимена утринава. Според податоците, сите уметнички дела спасени од катедралата се пренеси во Градското собрание, каде ќе бидат безбедни. Подоцна се планира да бидат преместени во Лувр. Околу катедралата се поставени камери и други уреди кои веднаш можат да предупредат на евентуална опасност.