Фудбал
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022

Со девојки на трибините Иран даде 14 голови

10. октомври 2019 - 17:21 | Ф.З.

Иранската фудбалска репрзентација за првпат по 38 години на стадион во живо ја гледаше и понежниот пол, а имаа и што да видат, вистинска голеада. Иран - Камбоџа 14:0!

На Камбоџа ѝ се предвидуваше катастрофа, но никој не се надеваше дека Иранците ќе дојдат и до двоџифрен број на голови.

Голеадата почна уште во 5-тата минута, а на полувреме се замина со резултат од 7:0.

На почетокот од вториот дел Кео Сокфен промаши пенал за гостите, за потоа да продолжи иранската офанзива. Домаќините постигнаа уште 7 голови за конечна победа од 14:0.

Карим Ансарифард испеа да даде 4 голови, најдобриот ирански фудбалер Сардар Азмун постигна хет-трик, Мехди Тареми и Мохамад Мохеби по двапати ја затресоа камбоџанската мрежа, додека Ахмад Нуролахи, Хосеин Канаани и Мехрдад Мохамади по еднаш.

На дел од огромниот „Азади“ стадион во Техеран, кој собира 78 илјади гледачи, беа сместени припаднички на понежниот пол за кои беа обезбедени 3.500 карти. Вакво нешто последен пат се имаше случено во 1981 година.

Коментирај