Со голи раце успеал да совлада ајкула
Еден британски доктор со бокс удрил ајкула по носот и успеал да побегне од неа додека сурфал во Австралија.
25 – Годишниот Чарли Фрај има само површни рани на десното рамо од нападот на ајкула на плажата Авока, 90 километри северно од Сиднеј.
Фрај кој се наоѓал на сурферско натпреварување, прво помислил дека некој натпреварувач се шегува со него, но кога сфатил дека станува збор за ајкула, се сетил да се одбрани со бокс, како што неодамна видел на снимка од 2015 година.