Здравје

Со јаболка и ореви против лошиот холестерол

17. април 2019 - 12:54 | Б.С.Б.

Правилниот начин на исхрана во добра мерка може да го регулира нивото на маснотиите во крвта, особено на холестеролот. Како клучни намирници за тоа нутриционистите ги одвојуваат оревите и јаболката.

Оревите обезбедуваат највисок процент на заштитен ХДЛ холестерол. Научниците ова го откриле анализирајќи ги Французите, кои како народ имаат добар холестерол во голема количина. За тоа се виновни оревите, Французите обожуваат да грицкаат ореви.

Но, не се само оревите во игра. Јаболката лошиот холестерол можат да го намалат за дури 38 проценти, тврдат истражувачите. За да се постигне ова неопходно е редовно да ги јадете или да пиете сок од јаболка.

И овесните снегулки се богати со влакнести материи, познати како непријатели на лошиот холестерол. Гравот е исто така вистински воин во борбата со лошиот холестерол. За само месец и половина е во состојба да го намали холестеролот за 6 проценти.

Истражувањата покажуваат дека лукот во дневна доза од само 5 милиграми во таблети намалува 11 проценти холестерол. За да ја подобрите циркулацијата доволно е во текот на денот да изедете едно чешне.

Коментирај