Живот

Со најголема почит кон природата: Петте најзелени земји во светот

17. април 2019 - 14:25 | Б.С.Б.

Резултатите од најновите истражувања на Комисијата на Обединетите Нации, задолженa за климатските промени, се загрижувачки. Се прогнозира дека порастот на температурата на океаните ќе предизвика мноштво сериозни природни катастрофи како пожари, поплави, суши и недостиг на храна до 2040 година.

Причина за глобалното загревање е човечкото невнимание кон природата. Но, за среќа, сè уште постојат земји кои ја почитуваат природата и важат за најзелени во светот, пишува BBC.

1. Норвешка

Оваа земја предничи во бројот на иницијативи кога станува збор за активности поврзани со заштитата на животната средина, важи за земја со најголем број електрични автомобили во светот. Дури 99 проценти од енергијата се користи од одржливи извори, потекнува од хидроелектрани.

Не станува збор само за државна  политика туку и за свеста на тамошниот поединец и „зелената“ филозофија, голем дел од времето да се минува на свеж воздух и во природа. Затоа ретко ќе налетате на намрштен или дебел Норвежанец. Секогаш се активни, а во градовите најраспространето превозно средство е велосипедот.

2. Португалија

Оценета е како трета во светот по придонесот за зачувување на планетата и една од првите земји кои обезбедија мрежа за полнење на електрични автомобили низ целата територија.

Владата презеде низа мерки за да ги мотивира граѓаните да инсталираат системи за собирање соларни и други зелени енергии, а отворена е и можноста за продажба на вишокот енергија.

3. Уругвај

Уругвај дава најголем еколошки придонес од сите земји во Јужна Америка, а стана и глобален лидер кога станува збор за обновлива енергија. Уругвај нема сопствени нафтени резерви па проценето е дека е многу поедноставно до потребните ресурси да се дојде до други патишта. Денес 95 проценти од електричната енергија се користи од обновливи извори, најмногу од електрани. Исто така се произведува соларна енергија и се употребуваат биогорива.

4. Кенија

Покрај екстремните климатски услови и сè почестите суши Кенија може да се смета за една од првите жртви на климатските промени. Како реакција на оваа појава, владата разви систем на мерки со кои ќе биде регулирана емисијата на штетни гасови и намален така наречениот ефект на стаклена градина за дури 30 проценти до 2030 година.

Ова го потврдува и фактот дека мерката за забрана на употреба на пластични кеси е една од најстрогите во светот, оној кој ќе биде виден со пластична кеса на улица ќе плати висока парична казна, а можно е да биде осуден и на казна затвор.

5. Нов Зеланд

Оваа земја е еколошки лидер во азиско-пацифистичкиот регион, а многу сериозно ги штити природните ресурси. Особено затоа што земјоделието, како и туризмот целосно зависат од тоа.

Земјата е позната во светот како една од најзелените и луѓето во Нов Зеланд се горди на овој факт.

И овде постои забрана за пластични кеси, но луѓето отидоа и чекор подалеку, од употреба ги  исфрлија пластичните сламки, како и чашите за еднократна употреба. Исто така се лидери кога станува збор за рециклирањето.

Коментирај