Со шест мигранти во автомобилот се превртел на кров

Скопјанец, кој илегално превезувал мигранти во својот автомобил, изгубил контрола над него и удрил во метален столб на улица во Струмица, по што се превртел на кров.

Вчера, околу 3.30 часот во Струмица, на ул.„Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода во која А.М. (26) од село Инџиково, скопско, управувајќи автомобил „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и удрил во метален столб за улично осветлување и се превртел на кров.

Во возилото превезувал шест илегални мигранти, државјани на Сирија и на Пакистан. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците С.Х. (47) од Сирија и Н.Н од Пакистан. Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.М. (23) од Пакистан и А.А. (21) од Пакистан. Сите тешко повредени со медицински возила, поради сериозноста на повредите, биле префрлени во Ургентен центар Скопје, а додека останатите по укажаната медицинска помош се пуштени на домашно лекување.

Во возилото како сопатник бил и М.Х. (20) од Сирија.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица. За настанот е известен и Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

реклама

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе