ПОДДРШКА НА ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО СКОПЈЕ

Со Violeta од првиот ден

Денеска во ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство беше претставен проектот „Создаваме заедно“, кој компанијата Violeta како производител на пелени и марамчиња за бебиња го работеше со клиниката, а со цел да се разубави и оплемени просторот во кој претстојуваат родилките и нивните бебиња. 

Она што се создаваше заедно е: боење на сите соби предвидени за претстој на родилките, нови креветчиња за бебињата, постелнина за големи и мали кревети, облека за спиење за родилките, бенкици за бебињата итн.  

Целиот проект траеше неколку месеци бидејќи се водеше сметка непречено да се одвива работата во родилиштето и пациентите на бидат заштитени.

Најголемиот придонес го даде самата клиника, односно нејзините вработени на чело со директорката Викторија Јовановска, кои беа повеќе од организирани за сѐ да се изведе.

Пораката која компанијата Violeta ја сподели по повод овој проект е:

„Во овој проект влеговме со желба дополнително да ја разубавиме првата средба помеѓу мајката и бебето и на тој начин да го прославиме новиот живот и раѓањето. Децата се нашата иднина и затоа сите компании и институции кои планираат опстанок на овие простори би требало да дадат свој придонес да ги задржиме младите луѓе и нивниот живот да го направиме што подобар и поквалитетен.“

Поддршка на оваа иницијатива дадоа Министерството за здравство на Република Македонија на чело со Министерот Венко Филипче и Амбасадата на БиХ во Скопје на чело со Амбасадорката Лепа Бабиќ, кои денес исто така присуствуваа на претставувањето на проектот.

Министерот во својата изјава се заблагодари на компанијата Violeta и порача дека ГАК сега има далеку подобри услови за родилките од приватните клиники.

Во своето обраќање Амбасадорката Лепа Бабиќ изјави дека е горда на сѐ што се направило преку овој проект и дека е среќна што била дел од него.

Освен клиниката во Скопје, оваа година компанијата Violeta го поддржа и родилиштето во болницата во Охрид каде донираше пулсен оксиметар, како и родилиштето во болницата во Струга кое ќе биде побогато за неколку детски креветчиња.

Инаку компанијата Violeta веќе има соработка со овие родилишта, каде секое новороденче добива на подарок пакет Violeta производи.

Од компанијата истакнуваат дека кај нивните производи најважно им е задоволството на потрошувачите, а за да го остварат тоа тие постојано инвестираат во развој на производите, нови технологии и контрола на квалитетот. Зад нив стои Здружението на педијатри во БиХ, како и бројни потврди на квалитетот од независни лаборатории како што е SGS Courtray, кои пелените на овој производител го оценуваат со класа А, што воедно е и највисока оцена.

*Промотивен текст

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе