Поддржувачите на граѓанското движење „Протестирам“ во средата повторно го обоија објектот на македонското Собрание.
Граѓаните најавија дека и натаму ќе останат на улица и дека не ги прифаќаат одлуките за назначување на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
На протестантите од Шарената револуција вечерва им се приклучија и пратениците од СДСМ, кои за четврток најавија дека во Собранието ќе поднесат иницијатива за автентично толкување на Законот за помилување.