Кога луѓето купуваат овошје и зеленчук, обично ги земаат најзрелите. Меѓутоа, доколку планирате да купите поголеми количини, треба да ги земете оние овошја и зеленчуци кои сѐ уште не се зрели. Но, ако се случи да заборавите да го направите ова, обидете се со еден помалку познат трик за складирање на јаболка.
Ако некогаш сте купиле големи количини јаболка со надеж дека ќе се храните поздраво, а потоа целосно сте заборавиле на нив, една корисничка на социјалните мрежи сподели трик за чување јаболка од XVIII век.
На YouTube каналот The Acadian Garden & Apothecary, таа сподели како правилно ги чува јаболката за со месеци да останат сочни и крцкави.
„Прекрасен начин да ја зачувување храната здравата без конзервирање, дехидрација или ладење“, стои во описот на видеото.
За да се зачува јаболкото, мора да биде, така да се каже, „совршено“, односно без исеченици или оштетувања, а стебленцата исто така да бидат недопрени.
Неопходно е да се чуваат во сув и отворен материјал како струготини, некои житарици или на песок исушен на топлина. Можете да користите и стари весници. Завиткување на јаболката поединечно во весник ќе спречи едно лошо јаболко да ги уништи другите.
Потоа ставете ги на ладно и суво место, но колку што е можно подалеку од компирите, бидејќи компирите произведуваат гас што предизвикува јаболката побрзо да созреваат. Сепак, овој метод најдобро функционира кога користите свежо набрани јаболка наместо купени во продавница. Тоа е така затоа што јаболката купени на пазар најчесто се прскани со разни хемикалии.