
Apple продолжува да руши рекорди поврзани со бројната онлајн продажба на апликации во својата App продавница. Рекордната продажба е заокружена со преземање на три милијарди апликации за помалку од 18 месеци, колку што постои App Store.
Освен тоа, забележливо е дека бројот на преземања се зголемува експоненцијално со текот на времето. Па, иако двете милијарди преземања беа остварени до септември минатата година, за новата милијарда беа потребни само околу 3 месеци.
Придонес за големиот скок во продажбата на App Store има се поголемата распространетост на iPod Touch и iPhone уредите низ целиот свет, но и новогодишното и божиќното дарување, кое ги исфрла производите на Apple на прво место на листата на желби