Од денес, Symbian ќе им прави друштво на Android и Maemo Linux. Најпопуларниот и најкористен оперативен систем за мобилни телефони од денес станува целосно open source проект.

Откако во 2008 година фондацијата Symbian најави дека ќе го отвори кодот на нивниот оперативен систем, сега - транзицијата е целосно комплетирана. Ова значи дека сите индивидуалци или организации можат да го употребуваат и модифицираат изворниот код на платформата "во било кои цели".
„Symbian е најкористениот оперативен систем на светот, а со овој чин сакаме да им овозможиме на програмерите ширум светот да се вклучат во неговиот развој“, изјави Ли Вилијамс, извршен директор на Symbian Foundation. Според него, фактот дека Symbian станува целосно “отворен“ претсавува најголема транзиција од овој вид во историјата.
Инаку, Symbian е дел од најголемиот број Nokia мобилни телефони, а моментално се наоѓа во 330 милиони мобилни телефони ширум светот. Според најновите податоци, уделот на Symbian во мобилната индустрија на паметни телефони изнесува околу 45 проценти.
Во 2008 година, Nokia го купи Symbian и помогна да се основа непрофитна Symbian Фондација која че работи на неговиот развој и транзиција во отворен проект.
И. E. | Кајгана