Microsoft е свесен за проблемите со дистрибуцијата на својот нов Windows на сметачите без оптички погон, првенствено, на се' попопуларните "нетбуци".
Според натписите на CNET, Microsoft ја разгледува можност за дистрибуција на својот нов оперативен систем на USB меморија. На тој начин, инсталацијата на Windows 7 би била далеку полесна за сите оние сметачи кои немаат оптички погон, односно попопуларните нетбуци.
Како алтернатива би била и можноста за набавка на Microsoft Windows станици, заедно со алатка која би доаѓала со бутабилна USB меморија и инсталација - нешто слично на тоа што веќе може да се забележи на Acer Aspire One.
Microsoft сеуште нема објавено детали за ниту еден метод на инсталација, но нагласува дека компанијата е свесна за проблемите околу дистрибуцијата на својот оперативен систем на сметачите без оптички драјв. Доколку компанијата се одлучи за овој нов начин на дистрибуција, цената на "седмицата" на USB меморија (очекувано) ќе биде поголема од онаа што ќе може да се купи на DVD.