Останати спортови

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“

12. ноември 2019 - 13:29 | МИА

Скопје, 12 ноември 2019 (МИА) – Сојузот на спортови на Скопје денеска ги додели наградите на професори по физичко воспитување, спортисти и спортски работници кои постигнаа забележителни резултати во 2019 година.

Добитници на наградите кои традиционално се доделуваат по повод 13 ноември, Денот на ослободувањето на Скопје се:

Категорија – професори по физичко воспитување:
Седат Бафтија од ОУ „Лирија“
Венцислав Рангелов од гимназијата „Никола Карев“

Категорија - спортисти:
Евгениј Поп Ацев (маратонско пливање)
Симона Заборска (карате)

Категорија – тренер:
Билјана Црвенкоска (ЖРК Вардар)

Категорија – екипа:
РК Вардар

Категорија спортски работник:
Иван Михајловски (триатлон)
Живко Тасевски (карате)

Категорија – општественик:
Висар Ганиу (градоначалник на општина Чаир)

Категорија – спортски работници за животно дело:
Александар Домлевски (кошарка)
Андреја Јовановски (стрелаштво)
Ѓорѓи Ајановски (бокс)
Димче Јосифовски (еквестријан)
Иван Лесевски (скијање)

Коментирај