Тешка повреда заработи Португалецот за време на синоќешниот дуел на Евертон и Тотенхем откако Сон Хјон-мин преостро влезе во дуел со него.
Евертон со гол длабоко во судиското надполнување спаси бод дома против Тотенхем, но натпреварот остана во сенка на бизарната повреда на Андре Гомеш.
Во 78-мата минута Сон Хјон-мин со лизгачки старт отиде кон Гомеш, го собори по што Португалецот удри во Серж Орје и неговото десно стапало се свитка под чуден агол. Всушност, ногата на Гомеш се скрши при судирот со Орје, но виновникот беше Сон поради чиј остар старт дојде со судирот.
Главниот судија прво му покажа жолт картон, но откако ги виде последиците од стартон на Сон веднаш ја смени одлуката и му додели црвен.
Уште кога виде што направил, Сон се фати за глава и не можеше да верува што направи, а потоа почна и да плаче од жал за болката што му ја нанесе на Гомеш.
Португалецот денес ќе биде опериран бидејќи има фрактурална дислокација на зглобот. Тотенхем најави жалба за црвениот на Сон реагирајќи дека Кореанецот немал намера да повреди и дека жолт картон е доволно.
По исклучувањето, Сон останал во собвлекувалната видно вознемирен каде лекарска екипа го смирувала, а по натпреварот го тешел и капитенот на Евертон, Шејмас Колман.