Концепти

Сон на секој камионџија: Модуларна платформа Hino FlatFormer

21. ноември 2019 - 19:09 | А.С.

Hino Motors Ltd. го претстави концептот за новата електрична платформа FlatFormer, наменета за лесни камиони.

Оваа платформа е долга 4.700, широка 1.700 и висока сѐ на сѐ 335 милиметри, со вградена Li-Ion батерија со капацитет од 50 kWh.

Платформата е модуларна, па може да служи за превоз и на товар и на луѓе, а една од основните предности е целосно електричниот погон и конфигурацијата 6×6.

Во секое од тркалата има по еден електромотор, со вкупна моќност од 170 kW, што на возило со оваа платформа би му овозможило досег од околу 100 километри во градски сообраќај.

За да биде платформата што е можно пониска, јапонските инженери во задниот дел ги поставија амортизерите и пружините хоризонтално, што овозможува поставување на разни надградби, според потребите на корисникот.

„FlatFormer засекогаш ќе го промени концептот на мобилноста“, рече Јошио Шимо, претседател и извршен директор на Hino Motors.

Коментирај