Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, во источните делови со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд.
Ќе дува умерен југозападен ветер, кој повремено ќе засилува, особено на запад. Дневните температури ќе бидат во интервал од 29 до 40 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 39 степени.
УВ индексот ќе изнесува 9.