Времето во Македонија денеска во претпладневните часови ќе биде сончево и топло со умерена облачност, додека попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а УВ индексот ќе биде со вредност 8.
Утринските температури се движат од 14 на западот до 20 Целзиусови степени во централните делови од земјата. Максималните дневни ќе се движат во интервалот меѓу 30 и 37 степени, додека во Скопје се очекува температура од 36 степени.
И во наредните денови во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Дневните температури ќе бележат благ пад.