Времето денеска ќе биде сончево и топло, со слаб ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 Целзиусови степени, додека дневните температури ќе бидат во интервал од 23 до 33 степени.
Во Скопје и во околината ќе преовладува слично време со дневна температура до 31 степени.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Во наредните денови ќе се задржи многу топло време. Најтопло ќе биде во недела и во понеделник, кога на повеќе места температурата ќе надмине 30 степени.
Од средината на наредната недела во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата на воздухот ќе биде во благ пад.