Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, дневната температура на повеќе места ќе го надмине 30-от степен Целзиусов.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 17 Целзиусови степени, додека дневните температури ќе бидат во интервал од 24 до 33 степена.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 31 степен.
УВ индексот ќе изнесува 7.
Од средината на работната седмица во попладневните часови ќе има локален краткотраен пороен дожд со појава на грмежи. Температурата на воздухот ќе бележи благ пад.