Во текот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне на југозапад со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од -2 до 3 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 7 до 16 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 12 степени.