Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро со услови за магла по одделни котлини.
Утринските температури ќе се движат од -4 до 3 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 11 степени.
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините. И утре ќе има услови за утринска магла по одделни котлини.