Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, а ќе дува слаб променлив ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 27 до 36 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 34 степени.
УВ индексот ќе изнесува 8.
До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Во сабота попладне и во недела во текот на денот претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела ќе дува и повремено засилен северен ветер.