Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и умерен југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 1 до 7 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 9 до 17 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 15 степени.
Во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, а за време на викендот и во почетокот на работната недела времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Во недела и понеделник ќе дува умерен, а на места повремено и засилен јужен ветер.