Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 26 до 36 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 34 степени.
УВ индексот ќе биде 8.
Во четврток и во петок ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, претежно во попладневните часови. За време на викендот се очекува стабилно и топло време.