Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, околу пладне и попладне со развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Утринските температури ќе се движат од 13 до 20 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 22 до 35 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 31 степен.
УВ индексот ќе биде 7.
Во петок ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд со ретки грмежи. За време на викендот ќе биде претежно стабилно и топло.