Сонот на Лестер продолжува, убедлива победа против Сити

Фудбалерите на Лестер продолжија со брилијантните партии во Премиер лигата, откако во првиот натпревар од 25.коло, во Манчестер убедливо го поразија Сити со 3-1.

Екипата на Клаудио Раниери во целост го надигра скапиот тим на Мануел Пелегрини, а поубедлив пораз спречи голманот на Сити, Џо Харт, иако „граѓаните“ во судиското надополнување на времето имаа шанса да го намалат поразот.

Победата на Лестер ја најави Германецот, Роберт Хут, кој најдобро реагираше на нафрлувањето од Марез уште во третата минута.

Лестер предноста ја удвои во 48. минута, кога Марез постигна одличен гол. Алжирецот најпрвин го претрча Отаменди, потоа со дриблинг се ослободи од Забалета и го совлада Харт.

По еден час игра победата на „лисиците“ ја потврди Хут со својот втор гол.

До крајот на натпреварот, во 86. минута, Серхио Агуеро, го постигна почесниот гол за Сити, иако впечатокот е дека Аргентинецот беше во офсајд.

Лестер и по 25.коло ќе остане лидер на табелата со 53 бодови, шест повеќе од Сити и осум од Тотенхем и Арсенал, кои имаат и натпревар помалку.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе