Сонот се оствари: Лестер нов шампион на Англија

Фудбалерите на Лестер Сити ја освоија шампионската титула во Премиер лигата во сезоната 2015/2016. Лестер на две кола до крајот на првенството, стекна недостижни седум бодови предност во однос на Тотенхем, кој во последниот меч од 36. коло, одигра 2:2 кај Челзи.

Сензационалната промоција на Лестер во нов англиски првак има многу симболика, бидејќи му ја врачи сега веќе поранешниот шампион Челзи. Овие два тима ќе се сретнат во последното коло на „Стенфорд Бриџ“.

Титулата со Лестер е прва во кариерата за познатиот италијански стратег Клаудио Раниери. Тој на почетокот на сезоната пристигна во Лестер и со фудбалските анонимуси Марез, Варди, Канте, Морган и другите успеа да го направи невозможното.

Титулата на Лестер му ја врачи Еден Азар, кој во 82-та минута постигна гол за 2:2.

Мечот на „Стенфорд Бриџ“, кој со внимание се следеше во Лестер, донесе голема борба на теренот на лондонските ривали, во финишот имаше и многу грубости, кога играчите на Тотенхем ги загубија нервите.

Тотенхем и покрај иницијативата на Челзи, со два гола предност замина на полувреме. Грешките на Фабрегас во 35-та и Ивановиќ во 44-та минута, ги казнија Кејн, со својот 25-ти гол сезонава и Сон.

Вториот дел во целост му припадна на Челзи, благодарение на Азар кој го замени Педро. Белгиецот го одигра својот најдобар меч сезонава, ги креираше сите опасни акции на својот тим и беше постојана закана по голот на Лорис.

Резултатот го намали Кејхил, кој одлично реагираше по една мешаница пред голот на Тотенхем. Мејсон на 15 минути до крајот на мечот имаше можност да ја завери победата на Тотенхем, но не успеа да го совлада Беговиќ.

Казната Тотенхем го стигна во 82-та минута, кога Азар двојно одигра со Диего Коста и на брилијантен начин го совлада Лорис.

 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе