Компанијата Sony одбележа значаен јубилеј – 100 милиони продадени конзоли PlayStation 4.
Конзолата PS 4 е продажниот хит на Sony, а во кварталот заклучно со 30 јуни продадени се вкупно 3,2 милиони примероци.
Тоа значи дека компанијата досега има продадено вкупно 100 милиони примероци. Во претходниот квартал, Sony стигна до 96,8 милиони продадени конзоли.
Иако факт е дека продажбата слабее, PS 4 сепак во категоријата домашни конзоли најбрзо стигна до бројката од 100 милиони продадени конзоли.
Со тоа ги надмина конзолите Sony PlayStation 2 и Nintendo Wii.
PS 4 ја оствари продажната цел за само пет години и седум месеци од влегувањето во продажба.
Овј успех го оствари по помалку од три години откако стигна до бројка од 50 милиони продадени примероци.
Продажбата беше континуирано солидна за четвртата генерација PlayStation. Во 2017 година беа продадени 19 милиони примероци, а во 2018 – 17,8.
Новата генерација, конзолата PS5, се очекува да стигне догодина наесен.
Sony ветува дека новата конзола ќе поддржува 8K графика, 3D аудио, дека ќе има SSD меморија и дека ќе користи осумјадрен процесор базиран на Ryzen линијата од третата генерација AMD.